Ви изгледа доста познато, но нема начин да се сетите кое е лицето од сликата. Очите како да сте ги виделе некаде, устата – нема шанса да ја заборавите, но колку и да се трудите сепак името нема да го погодите.
Ова лице е фикција, фоторобот направен од делови од повеќе лица на познати жени.
Косата и очите се на Шерил Кол, челото на Кајли Миног, образите на Кејт Мос, полните усни се позајмени од Анџелина Џоли, а тенот на Кејти Прајс. Сето ова заедно на едно место го прави совршеното женско лице, или така барем вели истражувањето спроведено на 1. 500 експери за убавина, а истражувањето покажало и дека една од пет жени ја сакаат косата и очите на Шерил Кол, 12% од нив тенот на Кејти Прајс. Дури 23 % од жените се изложиле на пластична операција за да ги имаат усните на Анџелина Џоли.
Докторот Кирен Бонг, изјави дека нејзините пациентки редовно ги бараат „јаготкините“ образи на Кејт Мос, челото на Кајли и усните на Анџелина.
Психологот Кармен Лефевр, од Универзитетот „Сент Ендју“ вели дека тоа што жените ги бараат овие делови од лицата на познатите ѕвезди значи дека тие сакаат да испратат сигнали поврзани со плодноста.
„Големите очи и полните усни ги подмладуваат жените, затоа што помладите жени полесно забременуваат.