Хамас ги прекина преговорите за ослободување на заложницитe

Од:

Хамас денеска објави дека ги прекинува преговорите за ослободување на заложниците поради израелското бомбардирање на болницата „Ал Шифа“ во Појасот Газа, објави денеска Ројтерс.

Израелските сили ја бомбардираа областа околу болницата „Ал Шифа“ и сите што шетаат внатре во дворот и меѓу зградите во комплексот, пренесува Ал Џезира.

Министерството за здравство во Газа претходно соопшти дека болницата „Ал Шифа“ не е функција и дека лекарите не можат да пружат никаква помош ниту на пациентите во неа поради постојаните израелски напади.

„Имаме смртни случаи бидејќи машините за одржување живот престанаа да работат“, рече портпаролот на министерството Ашраф ал Кудра.

Тој додаде дека пет лица починале бидејќи медицинските екипи не можеле да извршат хируршки операции поради прекини на струја и недостиг на гориво.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас