ИДФ: Извршени се воздушни и артилериски напади против Хезболах во Либан

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека извршиле воздушни напади и артилериско гранатирање на бројни локации на либанската милитантна група Хезболах во јужен Либан, како одговор на ракетниот напад врз северен Израел.

ИДФ во објава на Платформата X наведе дека е погодена инфраструктурата на Хезболах.

Претходно, либанските медиуми објавија дека израелско беспилотно летало удрило во камион утринава во близина на крајбрежното село Ал-Захрани, на околу 40 километри од израелската граница јужно од Сидон во Либан.

Нема извештаи за можни повредени во тој напад.

Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека нападнале локација од која биле истрелани проектили земја-воздух кон израелски беспилотни летала над границата меѓу Израел и Либан.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас