Макрон: Го повикувам Израел да ги прекине бомбардирањата кои убиваат цивили во Газа

Од:

Францускиот претседател Емануел Макрон „го повика Израел да ги прекине“ бомбардирањата во кои убиваат цивили во Газа.

„Ние страдаме заедно со Израел и ја разбираме нивната желба да се ослободат од тероризмот. Но, денес всушност се бомбардираат цивили. Под бомбите умираат мали деца, жени и постари лица. Нема никакво оправдување и нема легитимитет за тоа. Затоа го повикуваме Израел да престане“, посочи тој.

Министерството за здравство на Хамас објави дека 11.078 луѓе, меѓу кои 4.506 деца, биле убиени во израелското бомбардирање на Појасот Газа од почетокот на војната што го предизвика крвавиот напад на палестинското исламистичко движење врз еврејската држава на 7 октомври.

– Таа реакција во борбата против тероризмот мора да биде во согласност со меѓународните правила за војување и меѓународното хуманитарно право бидејќи тоа е демократска земја, рече францускиот претседател.

Одговарајќи на прашање за можното кршење на меѓународното право од страна на Израел, Макрон посочи дека тој „не е судија“, туку „претседател на државата“. Тој, исто така, рече дека е загрижен дека „сеопфатното бомбардирање“ на Газа може да поттикне „желба за одмазда“ во регионот.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас