Неидентификуван дрон удрил во станбена зграда во јужниот израелски град Еилат, соопшти израелската војска.
Од Брзата помош известија дека нема повредени, туку дека има само материјална штета.
„Го истражуваме потеклото на дронот и деталите за инцидентот“, соопшти војската.
Беспилотни летала претходно беа лансирани од јеменските Хути и либанскиот Хезболах.