Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху можеби се подготвува за „долга и тешка војна“, но поранешниот лидер Ехуд Барак стравува дека Израел има само неколку недели да го елиминира Хамас бидејќи јавното мислење – особено во САД – брзо се свртува против нападот врз Газа.
Во интервју за Политико, поранешниот премиер и шеф на израелските одбранбени сили, исто така, сугерираше дека мултинационалните арапски сили би можеле да ја преземат контролата врз Газа по воената кампања за да и помогнат на палестинската управа на Махмуд Абас да ја одземе власта од Хамас.
Сепак, дури и со оваа промена во политичкиот поредок во Газа, Барак нагласи дека враќањето на дипломатијата насочена кон создавање палестинска држава е многу далечна перспектива. Барак, кој го предводеше Израел меѓу 1999 и 2001 година, истакна дека реториката на американските официјални лица се променила во последните денови, при што повиците за хуманитарна пауза во борбите стануваат се почести.
Тој се загрижи дека симпатиите кон Израел се создадени веднаш по 7 октомври, кога Хамас го изврши најсмртоносниот терористички напад во 75-годишната историја на еврејската држава, сега слабеaт.
„Гледате дека прозорецот се затвора. Америка не може да му диктира на Израел што да прави. Но, не можеме да ги игнорираме. Ќе мораме да се помириме со американските барања во следните две или три недели“, рече тој, мислејќи на улогата на Вашингтон како главен гарант за безбедноста на Израел.