Претставка дека судијата Авдија користел простории на граѓанскиот суд со љубовницата имало и пред четири години

Од:

На 20 октомври до Судскиот совет пристигнала претставката за судијата Бесник Авдија, во која е обвинет дека ги користел просториите на Граѓанскиот суд Скопје за љубовна афера, потврдуваат од советот за А1он. Но иако претставката е распределена кај член на советот, по неа нема никакви шанси да се расправа пред утрешниот избор, бидејќи таква точка на дневен ред нема.

„Точно е дека е пристигната претставката на 20.10.2023 година, а денеска е пристигната иста таква претставка. Таа е распределена кај член на судскиот совет на разгледување“, велат за А1он од Судскиот совет.

А1он дознава дека освен онаа од 20 октомври, претставка со идентичен текст во архивата на Судскиот совет пристигнала и денеска. Претставката ја има поднесено извесен Ардијан Сејди, но во неа нема наведено контакт телефон ниту адреса.

Во 2019 година, кога изби скандалот, претставка со истиот текст како сегашните две била испратена до тогашниот состав на Судскиот совет. И тогаш советот расправал за избор на претседател на Граѓанскиот суд, а за таа позиција беше избран Илир Сулејмани. Советот пред четири години ја разгледал претставката, но не било одлучено дали судијата Авдија злоупотребил просторија на судот.

И во тој состав имаше актуелни членови, меѓу кои претседателот на Судскиот совет Сашко Георгиев, Мирсад Суроји, Лорета Георгиева и Миљазим Мустафа.

Би можело да ве интересира

Судскиот совет го избра Бесник Авдија за претседател на Основен граѓански суд Скопје

Судијата Авдија кој беше снимен со љубовницата во просториите на Граѓанскиот суд единствен кандидат за претседател на судот

Александар Тодески