Комбе-автобус се преврте на патот Струмица-Валандово, повеќе повредени

Од:

Повеќе лица се полесно повредени во сообраќајка откако комбе-автобус изгубило контрола и се превртело на патот Струмица-Валандово, во близина на мотелот „Македонска куќа“.

Веста за МИА ја потврди портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, која информираше дека несреќата се случила денеска околу 06:20 часот.

– Околу 06:20 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на регионален пат Струмица-Валандово, Ф.А.(42) од Струмица, управувајќи комбе-автобус со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и се превртел на коловозот. Во несреќата со полесни повреди се здобиле повеќе лица кои биле пренесени во Медицински центар Струмица за укажување лекарска помош, а увид на местото извршила екипа на Полициската станица Струмица и јавен обвинител од ОЈО Струмица, изјави Трајанова.

Според информациите од струмичкото обвинителство во комбе-автобусот се превезувале 25 лица, од кои 15 побарале помош во болницата.

Од струмичката болница информираа дека 15 патници побарале помош, а од нив тројца се задржани заради натамошни испитувања и следење на состојбата. Останатите по укажаната помош се упатени на домашно лекување.

Заради несреќата сообраќајот на овој патен правец беше во прекин до 08:45 часот, а по извршениот увид повторно е нормализиран.

Би можело да ве интересира

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

Сообраќајка во Србија – има загинати, возило комплетно изгоре

А1он

Загинаа двајца полицајци и пет момчиња во тешка сообраќајка во Англија

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Свети Николе – повреден е мотоциклист

А1он

19-годишна девојка загина во сообраќајка кај Струмица

Сообраќајка на магистралата Гостивар – Кичево, повредени три деца и жена