Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, денеска предупреди дека „никој не е безбеден“ во Газа и повтори дека итно е потребен хуманитарен прекин на огнот.
„Ситуацијата во Газа е повеќе од хуманитарна криза, тоа е криза на човештвото. Газа станува гробишта на децата, стотици момчиња и девојчиња се убиени или повредени секој ден“, рече Гутереш, истакнувајќи дека израелските воени операции се насочени кон цивили, болници, бегалски кампови, џамии, цркви и објекти на ОН, вклучително и засолништа.
Тој изјави дека заштитата на цивилите е најважна, пренесе Гардијан.
„Длабоко сум загрижен поради очигледното кршење на меѓународното хуманитарно право на кое сме сведоци. Да бидам јасен, ниту една страна во вооружениот конфликт не е над меѓународното хуманитарно право“, рече Гутереш.