Тројца Палестинци се убиени откако израелските сили пукале врз нивниот автомобил на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Уште еден бил ранет во инцидентот во градот Тулкарм, соопшти Министерството.
Насилството на Западниот Брег се интензивираше откако Хамас го нападна Израел на 7 октомври.
Минатата недела, канцеларијата на ОН за човекови права ги опиша условите на Западниот Брег како алармантни, велејќи дека израелските сили се повеќе користат воени тактики и оружје во операциите за спроведување на законот таму.