Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека го убиле командантот на баталјонот Деир ал Балах на Хамас за време на воздушен напад врз Појасот Газа.
Во соопштението на ИДФ се наведува дека командантот заедно со другите команданти на Бригадите на Централните кампови учествувале во испраќањето на членовите на елитните сили на Хамас да го нападнат Израел на 7 октомври, пренесува порталот „Тајмс оф Израел“.