Портпаролот на Хамас, Осама Хамдан ја коментираше пошироката меѓународна слика за Газа.
„Ги предупредуваме сите страни, ако сакаат да му направат нешто на нашиот народ…Нашиот голем палестински народ тоа нема да го прифати. САД имаат валкани планови“, рече тој и додаде дека народот на Газа нема да молчи доколку Вашингтон продолжи со партнерството со окупаторите, мислејќи на Израел.
„Сакаме независна држава со Ерусалим како главен град. Секој што мисли дека Хамас ќе биде уништен е во заблуда. Хамас ќе биде победник во војната со Израел“, додаде портпаролот на Хамас.
Победивме на 7 октомври и ќе останеме победници, истакна тој.