Најмалку осум лица загинаа денеска во воздушен напад во близина на три болници во Појасот Газа, соопшти Министерството за здравство, кое е под контрола на Хамас.
Портпаролот на Министерството Медхат Абас изјави дека во воздушниот напад биле оштетени болницата за психијатриски болести, болницата за очни болести и болницата за педијатрија.
– Сите три болници сè уште работат – додаде Абас, пренесе АП.