Во Струга презентирани владините мерки за вработување

Од:

Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија денеска во Струга го презентираа Оперативниот план за активните мерки и програми за вработување за оваа година.

Струшките работодавачи на денешниот форум имаа можност да се запознаат со предвидените услови и мерки. Меѓу активните мерки, како што беше појаснето, се и оние што се однесуваат на Програми за самовработување, за подготовка за вработување, субвенционирање на деца без родители, како и субвенции за вработување инвалидни лица.

Според Анита Гаго проект менаџер во „Порака нова“, сите досегашни искуства што ги има оваа организација со Законот за вработување на инвалидни лица, може да се каже дека мерките се многу позитивни.

– Има голем број лица со посебни потреби што веќе ги имаме вработено. Последните два месеци имаме трајно вработување за едно и привремено вработување на две лица со посебни потреби. Со заштитните друштва кои вработуваат лица со посебни потреби, соработката ни е на високо ниво. Имаме организирано заеднички обуки и проекти на кои тие ги претставуваат своите работни места за лицата со посебни потреби. Соработката со овие друштва е континуирана, додаде Гаго.

Занаетчиите од Струга сметаат дека и занаетчиството треба да биде опфатено со субвенционирање за да може да опстане.

– Занаетчиите не можат сами да ги поднесат трошоците, мора некако да се помага. Како сега што се дава на земјоделци и на други структури, така треба и на некои занаети да им се даде за да опстанат со работата, а воедно да се придобие и некој од младите за да го продолжат занаетот, вели единствениот занаетчија во струшката чаршија, Јоне Кленко.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски