Бројот на загинати во поплавите во Тоскана, Италија, се искачи на седум, а едно лице се уште се води како исчезнато во Венето.
Телото на 69-годишен маж е пронајдено во градот Кампи Бизенцио, на околу 15 километри северозападно од Фиренца, јави АНСА.
Официјални лица претходно соопштија дека шест лица загинале во поплавите по обилните дождови што почнаа доцна во четвртокот, а еден пожарникар се уште се води како исчезнат во регионот Венето.
Имаше стравувања дека реката Арно може да ја поплави Фиренца откако бурата Киеран ги погоди околните градови, но тоа не се случи, објави Ројтерс.
#Maltempo #Toscana, oltre 3.000 interventi in 48 ore, 656 #vigilidelfuoco al lavoro con 192 mezzi, di cui 4 anfibi, tra Firenze, Prato, Pistoia, Livorno e Pisa.
Nella clip le operazioni delle squadre riprese dall'elicottero Drago in ricognizione su Campi Bisenzio (FI) #4novembre pic.twitter.com/vPfzsnr87P— Vigili del Fuoco (@vigilidelfuoco) November 4, 2023
Киеран претходно донесе обилни врнежи кои предизвикаа големи поплави во Северна Ирска, делови од Велика Британија, Белгија, Холандија и Франција.
Околу 300 луѓе беа принудени да ги напуштат своите домови во Тоскана, додека многу други го намалија снабдувањето со вода и електрична енергија, изјави во саботата претседателот на регионот, Еугенио Џани.
Џани изјави дека, според првите проценки, поплавите направиле штета во Тоскана од 300 милиони евра.
Италијанската влада во петокот прогласи вонредна состојба и издвои првични пет милиони евра за помош на најтешко погодените области од поплавите.
Најмалку 14 лица загинаа во поплавите во италијанскиот регион Емилија Ромања во мај.