Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во полуфиналето на Мастерсот во Париз откако победи во четвртфиналната пресметка против Холгер Руне со 2:1.
Уште еден одличен меч одигра српскиот тенисер и по голема борба и драма заслужено славеше.
Новак од почеток до крај имаше иницијатива, постојано го напаѓаше својот ривал и на крајот по еден дуел со дел од публиката заслужено славеше и се пласираше во полуфиналето каде ќе игра со подобриот од дуелот Де Минор – Рубљов.