Израел работи на „разбивање на Хамас и ослободување на заложниците“, рече неговиот поранешен министер за одбрана, сега министер без ресор во воената влада, Бени Ганц.
Ганц одговараше на прашање за Sky News за тоа што ќе биде потребно за хуманитарна пауза или прекин на огнот во Газа.
„Таму имаме заложници“, рече израелскиот министер без ресор и пензиониран армиски генерал.
„Сè што се случува сега во Газа со право е поврзано со поразот на Хамас и ослободувањето на заложниците. Се друго се само детали“, рече Ганц.