Се очекува денеска повеќе луѓе да преминат од Газа во Египет, откако преминот Рафаx беше отворен за прв пат по избивањето на војната меѓу Израел и Хамас. Како и вчера, на преминот ќе биде објавен список со околу 500 имиња на луѓе на кои им е дозволено да преминат, јавува Би-Би-Си.
Повеќе од 400 луѓе вчера успеаја да ја напуштат Газа. Некои луѓе кои вчера отидоа на преминот Рафax не беа свесни дека нема да им биде дозволен влез во Египет доколку нивните имиња не се на списокот. Напуштањето на Газа е критично особено за оние на кои им е потребна медицинска нега бидејќи болниците снемаат резерви и борбите продолжуваат.