Израел ја презеде одговорноста за нападот на бегалскиот камп во Газа

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) ја презедоа одговорноста за смртоносниот напад на бегалскиот камп во Газа.

Портпаролот на израелските одбранбени сили потполковник Ричард Хехт изјави за Си-Ен-Ен дека командантот на Хамас, Ибрахим Биари, кој беше цел на воздушен напад врз бегалскиот камп Џабалија во Газа, „се крие, како што тоа го прави Хамас, зад цивилите“.

Според властите во Газа под контрола на Хамас, нападот предизвика многу жртви во Џабалија, најголемиот бегалски камп во Газа.

Портпаролот беше прашан за невините цивили во бегалскиот камп.

„Тоа е многу комплициран борбен простор“, рече Хехт за областа погодена од ИДФ.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас