Авионот „Визер“ на релација Белград-Базел, кој полета денеска во 12.40 часот е пренасочен кон аеродромите во Германија.
На веб-страницата на белградскиот аеродром беше наведено дека авионот на тој лет е пренасочен, а медиумите објавија дека тоа се случило поради дојава за бомба, а летот бил пренасочен на аеродромот во Фридрихсхафен, во германската сојузна покраина од Баден-Виртемберг.
Според неофицијални информации од медиумите, патниците за време на летот добиле информација од капетанот Илија Селаковиќ дека добиле дојава за поставена бомба во Базел.