Филип Лазарини, кој ја предводи агенцијата на ОН за палестински бегалци (УНРВА), напиша за Гардијан дека Газа станува гробница за луѓето кои се заробени меѓу војната, опсадата и сиромаштијата.
„Речиси 600.000 луѓе се засолниле во 150 училишта и други згради на УНРВА. Тие живеат во нехигиенски услови со ограничени количини чиста вода, со малку храна и лекови. Мајките не можат да ги мијат децата. Бремените жени се молат породувањето да не заврши со компликации бидејќи тие болници не можат да прифатат“, пишува Лазарини.
🚨This is the situation in Gaza.
This is Israel's peace policy. This is the reality that is not told to the general public. This is the painful scene on which our rulers are sitting silently💔#Gaza_Genocide #CeaseFireInGaza #Israel #Maine #GazaWar #Israel #GazaUnderSiege… pic.twitter.com/vm1q9NvmkE
— Blogsroom (@theblogsroom) October 26, 2023
„Цели семејства живеат во нашите згради, немаат каде да одат. Но, нашите објекти не се безбедни. 40 згради на УНРВА, вклучувајќи училишта и магацини, беа оштетени во нападите. Многу цивили кои се засолниле таму беа убиени“, додава тој.