Петреус: Воената офанзива на Израел во Појасот Газа ќе трае со години

Од:

Воената копнена офанзива на израелските одбранбени сили во Појасот Газа ќе трае со години и ќе вклучува ужасни борби, рече Дејвид Петреус, кој служеше како командант на американските сили во Ирак и Авганистан.

Коментирајќи го инцидентот во 1993 година во кој беа соборени два американски хеликоптери Black Hawk во главниот град на Сомалија, што предизвика крвави урбани борби додека американските сили се обидуваа да ги спасат преживеаните, Петреус рече дека ИДФ ќе се соочи со слична ситуација на територијата на непријателот, доколку биде ангажирана на копно.

– Ако Хамас е креативен во одбраната како што беше во тој ужасен, варварски, неискажлив напад, тогаш ќе видите бомбаши самоубијци, ќе видите импровизирани експлозивни направи, ќе има заседи, ќе има мини – рече тој.

Како одговор на нападите на Хамас овој месец, ИДФ започна операции за спасување заложници однесени во Газа од Израел, а исто така започна кампања за бомбардирање во густо населената енклава што предизвика бројни цивилни жртви.

Петреус рече дека неговото лично искуство водење на војска ангажирана во брутални кампањи против бунтовниците треба да послужи како предупредување за ИДФ ако започне копнена инвазија.

– Тешко ми е да замислам потешка средина од оваа конкретна, а сум командувал со сили во бројни големи урбани операции. Не можете да победите во контрабунтовничките операции за година или две. Обично им треба една деценија или повеќе, како што видовме во Ирак, како што видовме во Авганистан – рече Петреус.

Поранешниот воен командант рече дека на Израел му треба план за обновување на основните услуги, обнова на Газа и поддршка на доброто владеење во регионот по победата во битката против Хамас.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас