Вчера во предградие на Виена, пред својата вила е убиена млада мајка (33), по потекло од поранешна Југославија.
Наводниот сторител е нејзиниот поранешен партнер, кој е уапсен. Се работи за шведски државјанин (35) чија адреса на живеење е различна од адресата на жртвата.
Убиството се случило во областа Гансерндорф. Злосторството се случило нешто по 13.30 часот. Жената била застрелана пред нејзината куќа и починала на лице место. Според австриските медиуми, сторителот најверојатно го признал делото и без потешкотии бил уапсен, додека полицијата продолжува со истрагата.
Иако убиецот се предал, целата област се уште е под опсада на полицијата, која на лице место сослушува сведоци и ги утврдува околностите на тешкото убиство што се случи пред вилата вредна милион евра.