ОН: Состојбата во Газа е катастрофална

Од:

Хуманитарката ситуација во Газа е „катастрофална“, предупредија вчера пет агенции на ОН, посочувајќи дека болниците се полни со ранети и дека децата „умираат со алармантна брзина“. Светската здравствена организација, Светската програма за храна, УНИЦЕФ, Програмата за развој и Фондот за население во заедничко соопштение потсетуваат дека хуманитарната ситуација во Газа е очајна и пред конфликтот што го предизвикаа нападите на Хамас врз Израел на 7 октомври.

„Катастрофално е денес“, додаваат тие, повикувајќи ја меѓународната заедница „да направи повеќе“ за да им помогне на луѓето во Газа.

– Има многу малку време до зголемено покачување на стапката на смртност поради појавата на болести и недоволните здравствени капацитети“, предупредуваат тие.

Појасот Газа, под израелска копнена, воздушна и морска блокада откако Хамас ја презеде власта таму во 2007 година, е сиромашна површина од 362 квадратни километри која е под „тотална опсада“ од 9 октомври од страна на Израел, кој му ја исклучи водата, електричната енергија и залихи на храна.

Првиот конвој со хуманитарна помош со 20 камиони, според ОН, влегол вчера од Египет преку граничниот премин Рафах, единствениот кон Појасот Газа кој не е во рацете на Израел. Овој број е крајно недоволен, според ОН, кои сакаат 100 камиони дневно за 2,4 милиони жители на Газа лишени од сè.

„На луѓето во Газа им треба многу повеќе, многу е потребна масовна испорака на помош“, рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш на маргините на мировниот самит во Каиро.

Агенциите на ОН наведуваат дека „децата умираат со алармантна брзина, без право на заштита, храна, вода и здравствена заштита“.

„Болниците се преполни со ранети. На цивилите им е се потешко да добијат основна храна“, додаваат тие.

Хамас уби повеќе од 1.400 луѓе на израелска територија од 7 октомври, главно цивили кои беа покосени со куршуми, живи запалени или умрени по тортурата на првиот ден од офанзивата на палестинското исламистичко движење од Газа, соопштија израелските власти.

Во појасот Газа, повеќе од 4.300 Палестинци, главно цивили, загинаа во континуираното израелско бомбардирање, според Министерството за здравство на Хамас во Газа. Покрај тоа, Хамас држи околу двесте заложници, тврди израелската армија.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас