Египетскиот претседател повика на мировен план за Блискиот Исток

Од:

Меѓународната конференција за Блискиот Исток беше отворена денеска во Каиро со повикот на египетскиот претседател Абдел-Фатах ал-Сиси да се договорат насоките за обновување на мировниот процес кој долго време беше закочен, во светло на стравувањата дека конфликтот меѓу Израел и Палестинците во Појасот Газа може да прерасне во поширокa регионална војна.

Египетскиот претседател рече дека целта на состанокот, официјално наречен „Самит во Каиро за мир“ треба да биде „да се договорат насоките за ставање крај на сегашната хуманитарна трагедија и обновување на мировниот процес“.

Тој додаде дека самитот се одржува во „тешки времиња што ја тестираат нашата хуманост“:

Египет, првата арапска земја што потпиша мировен договор со Израел во 1979 година, стравува од масовен егзодус на Палестинците од Појасот Газа на египетска територија.

„Египет повторува дека го отфрла принудното раселување на Палестинците и нивниот егзодус на египетска територија, бидејќи тоа би го ликвидирало палестинското прашање“, рече Ал Сиси на отворањето на состанокот.

„Ликвидирањето на палестинското прашање нема да се случи под никакви околности на штета на Египет“, нагласи тој.

На самитот учествуваат генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, претседателот на палестинската управа Махмуд Абас, лидерите на Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Катар и Бахреин. Израел не е претставен.

Конференцијата беше отворена веднаш откако првите камиони со хуманитарна помош почнаа да ја минуваат границата на Египет со Појасот Газа.

Светските лидери и дипломати се собраа на Блискиот Исток откако Хамас, кој владее со Појасот Газа, на 7 октомври изврши голем терористички напад врз Израел, кој одговори со силни воздушни напади врз Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас