Газа: Седум болници и 21 здравствен дом не работат, загинаа 64 медицински работници

Од:

Во Појасот Газа, седум болници и 21 здравствен центар за примарната здравствена заштита „не се во функција“, а 64 медицински персонал загинаа во израелските воздушни напади, изјави портпаролот на палестинското Министерство за здравство Ашраф ал-Кидра.

Aл Кидра изјави дека се уништени и 23 амбулантни возила, пренесе Си-Ен-Ен, наведувајќи дека не може самостојно да го потврди бројот на жртвите.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања објави дека повеќе од 60 отсто од примарните здравствени установи во Газа се затворени, а болниците се на работ на колапс поради недостиг на електрична енергија, лекови, опрема и специјализиран персонал.

Би можело да ве интересира

Во нападите на Израел низ Појасот Газа загинаа најмалку 96 лица

Горан Наумовски

Во израелски напад врз училиште во бегалски камп во Газа загинаа 10, а ранети се 20

Горан Наумовски

Хамас ги повика светските лидери да ја запрат израелската војна во Газа

ИДФ: Четворица војници загинаа во борбите во Појасот Газа

Горан Наумовски

Брутален напад на хуманитарната зона, има мртви и ранети

Олмерт: Израел го уништи воениот капацитет на Хамас