Актерката Гвинет Палтроу, иако има само 51 година, веќе планира да се пензионира и ветува дека „никој повеќе нема да ја види“ откако ќе престане да глуми.
Во новото интервју за магазинот Bustle таа зборуваше за своите професионални планови кои очигледно нема да имаат врска со проекти пред камерите во иднина.
“Буквално ќе исчезнам од јавниот живот. Никој никогаш повеќе нема да ме види”, вели Палтроу.
Наместо да глуми, Гвинет планира да се фокусира на својот бренд за животен стил Goop, кој создава производи за убавина, мода, здравје и храна.