Шест лица загинаа во судирите со израелските војници на Западниот Брег, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Израелските сили претходно влегле во бегалскиот камп Нур Шамс во градот Тулкарм и продолжуваат борбите меѓу нив и палестинските напаѓачи, јавува Ројтерс повикувајќи се на очевидци.
Израелската војска претходно соопшти дека уапсила повеќе од 80 осомничени, вклучително и „63 терористички оперативци на Хамас“, во рациите во текот на ноќта на Западниот Брег.
Се наведува дека петмина осомничени се уапсени во Нур Шамс и се додава дека безбедносните сили „продолжуваат да дејствуваат во кампот за да ги спречат терористичките активности“.
Западниот брег окупиран од Израел е одделен од Појасот Газа. Делови од неа се управувани од палестинската управа, додека Газа е управувана од Хамас.