(ВИДЕО) Немири на Западниот Брег: Палестинците бараат заминување на нивниот претседател

Од:

Стотици луѓе излегоа на улиците низ Западниот Брег во знак на протест поради експлозијата во болница во Газа, пишува The Times of Israel. На видео снимките од градот Рамала се гледаат демонстрантите кои извикуваат: „Народот сака претседателот да падне“. Тие се незадоволни од согледаната неактивност на претседателот на палестинската управа Махмуд Абас во светлината на израелската војна во Газа.

Ал Џезира пишува дека ова е најголемиот протест во Рамала од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас. Групи мажи трчаат и фрлаат камења, а полицијата се обидува да ги спречи со солзавец. Се слушнала и силна експлозија.

„Тука има сцени на тотален хаос. Има улични битки. Палестинската полиција се обидува да ја контролира ситуацијата. Нема знаци на растурање на толпата“, известува новинарот Чарлс Стратфорд.

Има извештаи за судири меѓу демонстрантите и палестинските безбедносни сили и во други градови на Западниот Брег. Инаку, утре Абас требаше да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигнува во посета на Блискиот Исток. Сепак, вечерва дојде веста дека Абас ја откажал планираната средба.

Би можело да ве интересира

Најмалку 16 загинати во нов израелски напад во Газа

Горан Наумовски

Најмалку 87 загинати или исчезнати во нападите на Израел на северот на Појасот Газа

Горан Наумовски

ИДФ фрли летоци над Газа со порака „Хамас повеќе нема да владее“ со енклавата

Експерт на ОН предупреди дека обновата на Газа може да потрае 80 години

11 лица загинаа во израелски напад врз куќа во бегалскиот камп Ал Магази

САД се заканија, а Нетанјаху ги зголеми испораките на хуманитарна помош во Газа