Бројот патници на двата меѓународни аеродроми во земјава за периодот јануари-септември оваа година достигна 2,65 милиони, што е за 30,2 отсто повеќе во споредба со истиот период од минатата година, соопшти денеска „Aeroports de Paris“ (АДП).
Само минатиот месец бројот патници на аеродромите во Скопје и Охрид достигна 308.555, што е за 17,9 проценти повеќе од септември 2022 година, се вели во соопштението на „АДП“.
На двата аеродроми се реализирани 17.683 полетувања и слетувања во периодот јануари-септември, што исто така е зголемување за 19,3 проценти во споредба со првите девет месеци од минатата година.
Само во септември на двата аеродрома имало 2.339 полетувања и слетувања или 16,1 проценти повеќе отколку ланскиот септември.
Компанијата „АДП“ поседува 46 отсто од аеродромите со кои стопанисува турскиот „ТАВ“ што управува и со двата аеродроми во земјава.