На гробиштата во Газа веќе нема место за мртвите. Жртвите од израелските напади се закопуваат во масовни гобници. Видеа кои се објавени на социјалните мрежи покажуваат починати завтикани во бели чаршафи како се закопуваат во масовните гробници.
Mass graves were opened in #Gaza under the auspices of the international community .#IsraelTerrorists #IsraelAttack #GazaEvacuation #Gazagenocide pic.twitter.com/FEH8d6Ka2p
— بلال نزار ريان (@BelalNezar) October 15, 2023
Претходно, здравствените власти објавија дека мртвите за кои нема место во болничките мртовечници ги ставаат во каминони за дистрибуција на сладолед.
Болниците во Газа се преполни, недостасуваат основните медицински средства и лекови, а им се заканува и да останат без струја со оглед дека постои опасност да откажат генераторите. Израел ја запре струјата за Газа кога ја почна операцијата против Хамас.
Израелските власти денеска информираа дека пуштиле вода во Газа.