Нина Давулури од американската држава Њујорк е избрана во неделата за нова Мис на Америка на натпреварот во Атлантик Сити. Давулури (24) претходно ја освоила титулата Мис на Њујорк и е прва натпреварувачка со индиско потекло која победила на изборот за Мис на САД.
Мис на американската држава Њујорк и минатата година ја освоила националната титула. Второто место оваа година го освоила Мис на Калифорнија Кристал Ли, а Келси Гризволд од државата Оклахома трето место.
Нина Давулури е родена во Сиракуза и сака да стане лекар. Како победничка добива стипендија од 50.000 долари и ќе ја носи титулата на Мис на Америка една година.
Претставувајќи и се на публиката и жирито таа извела танц во стилот на Боливуд, а церемонијата во живо ја пренесувала телевизиската станица АБЦ. Натпреварот за Мис на Америка оваа година одржано во Атлантик Сити, каде е одржано и првпат, 1921. година.
Нејзината победа покренала бура од негативни коментари.
„Избравме муслиманка за мис, Обама сигурно е горд“, „Дали некогаш белкиња ќе стане Мис на Америка?“, се само некои од пораките кои се оставени на Твитер за крунисаната убавица.