Прилеп го чествува 11 Октомври

Од:

Со импровизиран напад на градот, со бројни настани и огномет во предвечерието на празникот, Прилеп ги почна чествувањата и одбележувањето на 82 години од почетокот на Народното востание и антифашистичката борба.

Според прилепскиот градоначалник Борче Јовчески, Прилеп ја испрати пораката дека 11 Октомври е еден од најсветлите датуми од поновата историја и мора да добива соодветно значење и внимание.

– Со импровизираниот напад потсетивме дека македонскиот народ се изборил за својата независност и самостојност и тоа мора да се памети и почитува, изјави Јовчески.

Меморијалниот музеј „11 Октомври“, некогашниот „Участак“ пред кој започнале настаните на 11 октомври 1941 беше отворен и бројни прилепчани и гости го посетија музејот. Граѓаните со порака – да не се заборави скапо платената слобода и пожртвуваноста на револуционерните генерации.

– Во Прилеп и Куманово пукнала првата пушка, рече млад прилепчанец.

– Јас сум од постарата генерација, 11 Октомври многу ми значи. Мојата порака е да го чествуваме празникот, да се потсетуваме и никогаш да не заборавиме што сѐ е дадено за нашата слобода и независност. Многу е значаен за Македонија, смета еден од повозрасните прилепчани.

– Редовно доаѓам во Музејот, кој бил полициска станица. Сакам да видам каде е мачена мајка ми која со години ни говореше што претрпеле во тие тешки времиња, ни спомена прилепчанец пред Музејот „11 Октомври“.

Во чест на празникот, во фоајето од Центарот за култура „Марко Цепенков“ беше отворена годишната изложба на членовите на Друштвото на ликовните уметници од Прилеп.

Во Градската библиотека „Борка Талески“ се чествуваше празникот со манифестацијата „Октомвриска ноќ: Прослава на уметноста и поезијата“ во спомен на хероите од НОБ и револуцијата. Се отвори изложба од академскиот сликар Сергеј Андреевски, а ќе се чита избор песни од Метре М. Андреевски и од Светлана Христова Јоциќ.

Централното чествување синоќа беше на камената бина на плоштадот „Александрија“, со музичко сценски изведби и рецитал „Октомври“.

Во предвечерието на празникот, учениците од 10-те прилепски основни училишта на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“, традиционално, во пресрет на празникот 11 Октомври го формираа македонското знаме.

На празникот, бројни државни делегации ќе им одадат почит на првиот претседател на президиумот на АСНОМ Методија Андонов – Ченто, пред неговиот споменик во центарот на градот, на идеологот на Револуцијата Кузман Јосифоски – Питу, а почит за борците ќе им биде оддадена на Могилата на непобедените каде во криптата се моштите на 650-те борци кои ги дал Прилеп во НОБ.

Би можело да ве интересира

Ден на народното востание – 11 Октомври

Катерина Ѓуровски

Објавени добитници на државната награда „11 Октомври“

Претседателот Пендаровски и делегации од Кабинетот положија цвеќе по повод 11 Октомври

Ковачевски: Прогресот е одраз на непокорот, со мудри одлуки да се справиме со антиевропската агенда

На композиторот Љупчо Константинов ќе му биде врачена наградата „11 Октомври“

Под мотото „Непокор и слобода“ се одбележува 11 Октомври

Катерина Ѓуровски