Програмата на осмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура во организација на Контрапункт, продолжува со промоцијата на книгата за творештвото на познатата босанска уметница Шејла Камериќ.
По минатогодишната изложба на Камериќ „Доаѓаме со поклон“, која КРИК и ПРВО ПА ЖЕНСКО заеднички со уметницата ја организираа во Националната галерија – Чифте Амам, оваа година, повторно во соработка помеѓу Контрапунт/КРИК – фестивал за критичка култура, Тиииит!Инк./ фестивал за феминистичка култура и акција – ПРВО ПА ЖЕНСКО ќе биде промовирана уметничката книга „Mother is a bitch/Мајката е кучка“ во авторство на Шејла Камериќ и пријателите.
Промоцијата ќе се одржи на 9 октомври (понеделник) во Музејот на современа уметност – Скопје, во 19,30 часот, со разговор помеѓу уметницата Шејла Камериќ, уредничката на книгата Жива Клајндинст, како и авторките Јасмина Тумбас и Милица Радуловиќ. Воведничарка и модераторка на разговорот е Јованка Попова.