Почна судењето за поранешниот директор на Управата за заштита на културното наследство Паско Кузман и на уаспените во акцијата Фаланга.
Денеска сведочеа петмина обвинети, мегу нив и вработени во Управата, кои негираа дека препродавале артефакти, а за издавањето на дозволи за врешење на ископувања рекоа дека се се правело со знаење на МВР.
Совесно и чесно работел во Управата и низ својата кариера стекнал многу непријатели токму поради борбата против кражбите на културното наследство. Ова е дел од одбраната на првобвинетиот во Фаланга 2 Илче Бојчевски.
Според Бојчевски, линкот со Давид Шекуларац – Циле, за што го товари обвинителството, е врска која ја знаела и полицијата, бидејќи, како што истакна обвинетиот, токму Циле бил тој кој ја информирал македонската полиција за случајот „Фаланга 1“, кога беше откриена група која вршеше нелегална продажба и шверц на културни артефакти. Бојчевски пред судот истакна дека во Белград бил со тогашниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) Љупчо Тодоровски – Радникот. Циле, според зборовите на обвинетиот имал увид во запленетите предмети од Фаланга 1, односно тој кажувал дали се предметите артефакти или не.
И останатите обвинети негираа дека на било каков начин учествувале во злосторничко здружение дека вршеле илегални ископувања, одземале археолошки предмети од непроценлива вредност, кои потоа ги продавале во странство. Дел од нив рекоа дека предметите кои им биле запленети не се ниту артефакти ниту оригинали.
Паско Кузман на почетокот на судењето кажа дека претходно добил условна осуда од една година затвор не можеше да се сети кога му е изречена и до кога важел условот.
Судењето попладне ќе продолжи со одбрана на останатите обвинети.