Усвоен акциониот план за чистење на речните корита

Од:

Владата го усвои акцискиот план за чистење на 142 километри речни корита и донесе одлука за обезбедување 946.600 литри нафта за негова реализација, информира денеска на прес-конференција министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

– Се надевам дека со реализација на акцијата ќе дадеме придонес во иднина да нема поплави, особено во пролетниот период, но ќе се грижиме и за квалитетот на водата, рече Адеми.
Нафтата, како што истакна, е обезбедена и отстапена на МЖСПП и на барањата на општините и водостопанствата пропорционално е поделено за сите.

Ресорниот министер денеска имаше средба со градоначалниците и директорите на водостопанствата, каде им била пренесена информацијата и побарано е поголема одговорност во релаизација на акцијата.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски