Адеми: Затворање на капацитетите што во рокот нема да исполнат еколошки стандарди

Од:

Владата останува на ставот дека нема да се пролонгира рокот за добивање интегрирана еколошка дозвола до април 2014 година, нагласи министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми.

Одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата, Адеми истакна дека компаниите имаат доволно време да се подготват за да ги имплементираат сите еколошки стандарди, а за непочитување на обврската ќе бидат санкционирани.

– Најголема и единствена казна за непочитување на Законот ќе биде затворање на инсталацијата. Законот е усвоен во 2005 година и од тогаш сите инсталации во Македонија знаеjа дека треба да аплицираат со конкретни оперативни планови да обезбедат А интегрирана дозвола и до април 2014 сите оперативни планови да ги имплементираат, рече Адеми.

Досега, додаде тој, во Министерството аплицирале 135 компании за А и Б интегрирани дозволи. Издадени се 50 А интегрирани дозволи, уште толку се во постапка, кои ќе ги добијат наскоро.
Претставници на Владата и од компаниите минатата недела одржаа средба, каде им беше укажано дека рокот нема да се пролонгира.

Би можело да ве интересира

ПР-службата на Владата не е таа што одлучува кои новинарски прашања заслужуваат одговор, реагира Синдикатот на новинарите

ДУИ: Владата ја турка државата кон нов бран поскапувања

Дрски и безобразни лаги, Владата ги демантира обвинувањата од СДСМ за набавка на водата за Гостивар

СДСМ: Голема грижа за граѓаните на Гостивар – бизнис зделка од 100.000 евра на Мицкоски и ВМРО со вода

ВМРО-ДПМНЕ: Секој денар од ребалансот е инвестиција во иднината

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски