Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Западот сака да ја глобализира војната во Украина.
„Конфликтот мора да биде изолиран, но западните земји сакаат да ја глобализираат војната“, изјави Орбан за јавниот сервис, пренесува МТИ.
Тој додаде дека ќе се докаже дека Унгарија била во право за војната во Украина и дека Западот не успеал мирно да ја процени ситуацијата на теренот.