Познатата пејачка е обвинета дека го организирала киднапирањето на нејзиниот син

Од:

Познатата пејачка е обвинета дека го организирала киднапирањето на нејзиниот син Елајџа, кој го имала со нејзиниот покоен сопруг Грег Алман.

Синот на Шер, Елајџа Блу Алман, поднел барање за развод од Мараја Кинг во 2021 година. Меѓутоа, во ноември 2022 година, парот наводно се смирил и во тој краток период од 12 дена, четворица мажи упаднале во нивната хотелска соба во Њујорк и го киднапирале Елајџа Алман на денот на нивната годишнина од брак, 30 ноември.

„Не знам дали мојот сопруг е добро или каде е. Многу сум загрижена за него“, напиша поранешната снаа на пејачката, Кинг во изјавата потпишана на 4 декември 2022 година. Иако судските документи датираат од тој месец, тие станаа јавно познати оваа недела.

„Еден од четворицата мажи кои го киднапираа ми кажа дека биле ангажирани од неговата мајка, во август 2022 година ми рекоа да не зборувам со Алман кој моментално е во установа за лекување чија адреса не ја знам. Ми кажаа и дека тој нема пристап до неговиот телефон“, додаде Кинг.

Во отсуство на Алман, Кинг морала да ја напушти куќата во која живееле, а која и припаѓа на Шер, пишува „Entertainment Tonight“.

„Го направив тоа и добив уверување дека ќе добијам парична издршка навреме и дека ќе можам да си дозволам стан. Не ми беше дозволено да ги земам сите мои работи од нашиот дом ниту ми беше дадена можност да го попишам нашиот имот. “, рече Кинг.

Синот на познатата Шер претходно зборуваше за зависноста од дрога, со која се бореше со години. По наводното киднапирање, тој останал во Шато Мармонт под будното око на домашна помошничка ангажирана од неговата мајка. На почетокот на овој месец, персоналот на хотелот го пронашол онесвестен на тротоарот во близина на влезот. Полицијата неколку дена подоцна го однела во центар за рехабилитација.

Би можело да ве интересира

Шер проговори за наводите дека таа го наредила киднапирањето на нејзиниот син

Предраг Петровиќ

Шер се смири со 40 години помладиот продуцент, не ја симнува насмевката од лицето