Познатата пејачка Шер (77) беше фатена од папараците при нејзиното излегување во друштво на продуцентот Александар Едвардс, само неколку месеци откако јавноста дозна за нивното раскинување.
Парот бил фатен на Беверли Хилс, каде вечерале со пријателите, а по излегувањето од ресторанот се држеле за раце, па јасно е дека љубовта повторно цвета.
И пејачката и нејзиниот четириесет години помлад дечко беа облечени во црно, насмеани и си шепотеа, а тој покажа дека е вистински џентлмен кога и ја отвори вратата од автомобилот и и помогна да влезе внатре.
На прашањето на папараците дали се смириле, продуцентот само се насмеал, пишува Page Six.