Претседателот на Русија Владимир Путин го потпиша законот со кој одредени невладини организации се назначени како странски агенти кои се финансираат од странство.
Со потпишувањето, активистите стравуваат дека законот ќе биде злоупотребен за стигматизирање на невладините организации.
Според овој закон, невладините организации кои се финансираат од странство мора да се регистрираат како странски агенти, мора да дозволат контрола на своите приходи, на сметководството и на менаџментот, како и редовно да ги објавуваат изворите од кои се финансираат.