Утрото откако Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен, „Марка“ објави текст со следниов наслов: 14 причини кои го крунисуваат Ѓоковиќ како најдобар во историјата.
Новинарот Хоан Солсон наведе 14 ставки кои го прават Новак достоен да се нарекува „GOAT“.
– Новак Ѓоковиќ одамна стави крај на дебатата за тоа кој е „GOAT“ во тенисот на статистички план. Некој ќе продолжи да ја истакнува елеганцијата на Роџер Федерер, друг брендот Рафаел Надал на земјена подлога и Ролан Гарос. Бројките зборуваат сами за себе и го прават Ноле (36) најдобриот играч кој некогаш држел рекет – се наведува во воведот на текстот.
Зошто Новак Ѓоковиќ е најдобар на сите времиња според „Марка“
1. Најмногу грен слем титули – 24
2. Најстариот шампион на УС Опен – 36 години и три месеци
3. Тој е единствениот со најмалку четири титули на три различни Грен слем турнири
5. Најмногу недели на број еден – 389 (досега)
6. Рекорден по број на поени во една сезона – 16.785 поени во 2015 година
7. Најмногу освоени Мастерс турнири – 39
8. Тој беше единствениот кој ги освои сите девет Мастерси, а сите ги освои најмалку двапати
9. Најмногу грен слем титули по 30. роденден – 12 вакви трофеи
10.Тој го дели рекордот со Федерер по бројот на мастерс финалиња – шест титули
11.Подобар учинок од најголемите ривали во меѓусебните мечеви – Против Надал 30:29, против Федерер 27:23
12.Најдобар сооднос на одиграни натпревари и победи – 82,9 отсто, победи на 1.287 натпревари и 1.076 триумфи
13.Најмногу титули од активните тенисери – 96, Надал има 92, Федерер 103, Џими Конорс 109
14.Најмногу грен слем финалиња вклучувајќи ја и женската категорија – 36 финални натпревари
Тој беше единствениот кој освои три Грен слем трофеи во четири сезони