„Нема правда, нема мир го прогласувам за умрено“ – кинат дипломи од правен, остри реакции за итните измени на кривичниот закон кој ги турка владата

Од:

Остри реакции на социјалните мрежи откако владата го достави до собранието предлог законот за измени на кривичниот закон со кој се намалуваат казните за делата злоупотреба на службена должност и за злосторничко здружување.  Измените на Кривичниот законик се со „европско знаме“. Предлозите денеска се пред Комисијата за европски прашања.

„ Измени во Кривичен законик откако почнаа масовни социјални протести против нив. Ќе бришат минимална казна за тендери и драстично ќе ја намалат казната за злосторничко здружување. СО ЕВРОПСКО ЗНАМЕНЦЕ. “ , се вели во постот на Фејсбук на еден граѓанин

Друг пак објавувајќи слика од скината диплома од правниот факултет  напиша

 

„ После предложените измени на Кривичниот законик дефинитивно се срамам каде сум завршил Факултет. Оваа диплома повеќе не ми е битна. Ова е нивната европска перспектива и проевропски фронт“

Со реакција се јави и политичарот Петар Богојески кој напиша:

„ НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР го прогласуем за УМРЕНО!

Прават измени на Кривичен законик, за да не одговараат за сторениот криминал… и тоа со европско знаменце! Ако и на ова премолчи ЕУ, тогаш ништо од таа ЕУ во Македонија!

Со ова нема да одговараат ниту за прикривање на криминал… како Модуларна, Беса, Онкологија, СЈО, РЕК Битола…“

 

Според него сето ова можеби е и пазар за да обезбедат гласови за уставните измени.

„Во меѓувреме, може да ослободат некои криминалци, со цел да гласаат за Бугари во Устав! Имате очи, гледајте! Имате уши, слушајте! На сила не може човек ништо да ви даде! Големи сте, си знаете!“ напиша Богојески

 

Помали казни за злоупотреба на службена должност бара Владата , а во образложението вели дека се работи за усогласување со европското законодавство.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ најави уставен амандман за повратно дејство во случаи со застарени кривични постапки за функционери

Катерина Ѓуровски

Измените во Кривичниот законик негативно влијаат на справувањето со корпуцијата на високо ниво забележува ЕУ

Итно да се донесат измени и дополнувања на Кривичниот законик за да се ублажат штетните последици од донесените законски измени апелираат екпертите

Секој што бил прислушуван сам ќе треба да тужи: Кривичен суд ги праќа на граѓанска постапка откако предметот застаре

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески

Еврокомесарот за правда изненаден од измените во Кривичниот законик: Намалувањето на казните и застарувањето ќе значи неосудување