Во близина на местото каде што ќе се одржуваат протестите на приврзаниците на претседателот на Република Српска Милорад Додик, забележано е присуство на снајперисти на зградите, наведува Аваз.
Силни полициски сили го обезбедуваат протестот, а на местото се пристигнати и пожарникари.
Како што пренесуваат медиумите од Босна и Херцеговина, полицијата го запрела сообраќајот и го пренасочила на други делници.
Причина за организирање на протестот е забраната на МВР да се одржи протест за поддршка на Милорад Додик пред Судот и Обвинителството на БиХ, каде сакаа да го осудат обвинението против претседателот на Република Српска.