Полициски службеници од Оперативниот тим за потраги при СВР Скопје денеска во 15 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје го лишиле од слобода Р. Ѓ. од Свети Николе.
Како што соопшти МВР, тој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 188 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.