Семинар за културното наследство од Кривопаланечкиот и Ќустендилскиот регион

Од:

Во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка вчера и денеска се одржа семинар на тема: Културно наследство без граници.

Семинарот во организација на општина Крива Паланка и Регионалниот историски музеј од Ќустендил, Република Бугарија е дел од проектот „Културното наследство на нашите предци – духовен столб на нашата заедничка европска иднина“, што се реализира со средства од ЕУ, во рамки на  ИПА Програмата за прекугранична соработка.

На дводневниот семинар  експертите-истражувачи од областа на археологијата, историја на уметноста и етнологијата ги презентираа резултатите од истражувањата предвидени со проектот, а научници од Македонија и Бугарија кои работат во областа на културно-историското наследство се претставија со свои трудови и статии за културно-историското наследство на Кривопаланечкиот и Ќустендилскиот регион, кои ќе бидат објавени во вонредно издание на „Славишки зборник“  на македонски и бугарски јазик.

Примарна цел на проектот „Културното наследство на нашите предци – духовен столб на нашата заедничка европска иднина“ е регистрирање и зачувување на културно-историското наследство од прекуграничниот регион и вклучување на помладите генерации во заживувањето на старите традиции. Носител на проектот е Регионалниот историски музеј „Академик Јордан Иванов“ од Ќустендил,  а општина Крива Паланка е проектен партнер.

Покрај семинарот, проектните активности опфатија обемно, кабинетско и теренско истражување и  валоризација на материјалното и нематеријалното културно наследство и организирање Фестивал на традиционалната култура и храна од прекуграничниот регион Крива Паланка-Ќустендил.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање