Новак Ѓоковиќ по две години пауза на доминантен начин се врати на Гренд слем турнирот во Њујорк. Во првото коло, за само 85 минути игра, Србинот лесно со 3:0 во сетови го победи Александар Милер од Франција.
Со оваа победа, Ѓоковиќ освои 45 поени, кои му беа доволни за повторно да се врати на врвот на АТП листата. Тој заостануваше само 20 бода зад Карлос Алкарас, но со оваа победа веќе е сигурно деќа Србинот ќе биде лидер на АТП листата, а тоа официјално ќе се случи на 11 септември, по завршување УС Опен.
Two down, one to go.
Novak Djokovic is on a midnight mission. pic.twitter.com/HtdSrWysz8
— US Open Tennis (@usopen) August 29, 2023
Во првиот сет Ѓоковиќ немаше милост и за само 24 минути игра го доби со перфектни 6:0. Малку повеќе траеја следните два сета кои му припаднаа на Србинот со 6:2 и 6:3, па на убедлив начин се врати на турнирот каде што претходните две години не можеше да игра откако немаше дозовла за влез во САД.