Хеликоптер V-22 Osprey со американски маринци се урна во близина на брегот во близина на австралискиот град Дарвин, јавија австралиските медиуми.
Тројца американски маринци загинаа, а 20 се повредени по пад на хеликоптер во северна Австралија, соопштија американски официјални лица, јавува Би-би-си.
Најмалку пет маринци се во тешка состојба.
Австралиското Министерство за одбрана соопшти дека инцидентот со авионот со американски воен персонал се случил за време на вежба над областа позната како Северна Територија, објави Ројтерс.
Се додава дека, според првичните информации, во леталото немало припадници на австралиските вооружени сили.
Инцидентот се случил, како што е наведено, над островот Мелвил, северно од Дарвин, за време на воена вежба.