Временска прогноза: Многу топло со температури до 39 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од променлив правец. Попладне особено во планинскте региони ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени. UV=8

Во Скопје, како што информираа од УХМР, времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината со услови за појава на пороен дожд со грмежи. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 21, а максималната ќе достигне 38 степени.

Во наредните денови ќе продолжи периодот на многу топло време. Насекаде ќе биде активно жолто ниво на опасност од висока температура. Од утре во попладневните часови, најавија од УХМР, наместа ќе има појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и проследена со ветер. Локално процесите ќе имаат форма на невреме. Краткотрајно постабилно ќе биде во петок.

Би можело да ве интересира

Продолжува топлотниот бран во земјава

Катерина Ѓуровски

Портокалова фаза, 40 степени и здравствени ризици

Катерина Ѓуровски

Пеколен топлотен бран во Македонија, во регионот пожари, Дунав на најниско ниво

Сончево и топло, температури до 39 степени

А1он

Период на пеколно време во земјава, лекарите алармираат

Температури до 38 степени денеска, во следниот период потопло