Загина работник при копање канал, врз него се урна земја

Од:

Тетовската полиција информира дека вчера 54-годишник од Албанија го загубил животот изведувајќи градежни работи. Случајот бил пријавен околу 15.40 часоткога во СВР Тетово се јавиле од тетовската клиничка болница.

-Пријавено е дека во тетовската Клиничка болница без знаци на живот бил донесен Л.Б.(54) од Република Албанија. Според пријавеното, додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14.30 часот врз него се урнала земја во каналoт што го копале. Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за тетовската Клиничка болница починал. Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција. Се расчистува и документира случајот – информираше СВР Тетово.

Минатиот месец, на 14 јули градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите додека работеле во тетовска Шипковица. Тогаш настрадаа А.А.(63) од тетовско Селце и Џ.Ц.(50) од Република Албанија.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Србија: Работник со валјак прегази колега

Падна дрво и усмрти работник на Шумско стопанство

Горан Наумовски